НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ – ЗА „БЕТОН“ Е ОТВОРЕНА ПРЕТСТЕЧАЈНА ПОСТАПКА, ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА ВО „СЛОБОДЕН ПАД“

0
301

Пед неколку дена Берзата објави дека ги прпширува причините поради кои „Бетон“ се наоѓа на нејзината Листа на набљудување, токму каде што се наоѓаат и другите компании кои имаат некаква „ситуација“, а поради која инвеститорите треба да бидат внимателни.

Всушност, „Бетон“ на таа листа беше ставен уште на крајот на август годинава, откако компанијата објави дека има блокирана сметка. Но, пред неколку дена потребата од внимателнсот се проширува уште повеќе со поведената претходна постапка за стечај.

„На 08.11.2022 година издавачот Бетон АД Скопје преку СЕИ-Нет објави информација дека од Основниот граѓански суд Скопје е објавено решение за поведување претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка над должникот Бетон.Имајќи го предвид претходно наведеното, донесен е заклучок за проширување на причините за внес на издавачот Бетон Скопје на „Листата за набљудување“, поради причината поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка“, се вели во известувањето од Берзата.

Неодамна од Градежниот синдикат соопштија дека е поведена претстечајна постапка за Бетон. Со Решението, како што информираа, „се определува општа забрана за располагање со имотот на должникот, се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот, се забранува исплати од сметките на должникот, се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, итн“.

„Со вака донесеното Решение, газдите веќе не се газди и тие сега исто како и работниците ќе треба да чекаат некој друг во случајот привремениот стечаен управник да им дава согласност и да одлучува место нив, а работниците и синдикалците очекуваат голема ефикасност и одговорност од страна на привремениот стечаен управник и судот во постапувањето по предметот и заштита на нивните интереси како доверители“, соопштија од ССМ.

Потсетија дека Бетон Скопје на работниците им должи шест неисплатени бруто плати, регрес за годишен одмор за 2021 и 2022 година, а сметките му се блокирани повеќе од 45 дена, што било и главна причина работнците своите права да ги остварат пред суд.

А откако почнаа маките на градежното претпријтие „Бетон“, се случи и драматичен пад на цената на акцијата на таа компанија.

Па така, на 6 јули на пример, една акција на „Бетон“ се продавапа по цена од 3.500 денари, додека, пак, на први септември таа цена доживеала драматичен пад и изнесува 1.501 денар. Истата цена акцијата ја држи се досега, односно ја имала и вчера, на 14 ноември.

Кога станува збор за тргувањето, пак, во текот на цела оваа година слабо се тргувало со акциите на „Бетон“, а поголема количина акции била истргувана само на 13 септември, и тоа 335 акции. Вчера биле истргувани 70 акции на претпријатието.

Маките започнаа кога пред извесен период, градежната компанија, преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

„Бетон“ во својата објава призна дека оваа 2022 година е несомнено најтешката година од нивното постоење.

Главни акционери во „Бетон“ се компании на бизнисменот Минчо Јорданов.