НОВО ДНО ЗА НАЈГОЛЕМИОТ МРАЗАЧ НА ЗАЕВ: Героски се жалеше за “суетен новинар”, а на фан страната на Плусинфо дозволува коментари каде се посакува Заев да умре!?

0
1532

Не толку одамна, уредникот на Плусинфо, Брано Героски се жалеше со денови поради тоа што премиерот Заев го нарече „суетен новинар“. Се жалеше дека е предмет на омраза на коментари, и дека партијата на власт и нејзините симпатизери го демнат и навредуваат на социјалните мрежи…

Истиот тој Героски, изгледа не чита и не гледа што се пишува на платформите што тој ги уредува. „Ај белки постхумно ќе му ја дадат, да умре дотогаш“ – пишува во коментар на ФБ страната на порталот Плусинфо, постиран од ФБ профилот на лице со иницијали Д.С., што може да се прочита под веста дека премиерот Заев добива награда за човекови права од фондацијата на германските социјалдемократи „Фридрих Еберт“.

Героски, кој декларативно се бори против говорот на омраза кога е нападнат, па дури и против било каква лоша оценка на неговата работа, редовно молчи кога жртви се негови неистомисленици и на кои им се намерачил, па дури и кога се работи за ваква омраза што ја изразуваат коментатори на платформите на социјалните мрежи на порталот, чијшто уредник е тој.

Некои од овие коментари и коментатори ги брише, а некои и не. Дали заависи од ситуацијата и „метата“?