Новогодишно изненадување на детската клиника – Дедо Мраз го донесоа пожарникарите со голем кран

0
745

Дедо Мраз со помош на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска дојде да ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

Во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата на ковид-19 новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали.

„На Клиниката дојде и министерот за здравство Венко Филипче кој на најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака Среќна Нова година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства“, вели Министерството за здравство.