Студиото 20th Century Fox ги израдува обожавателите со објавување на нови фотографии од снимањето на филмот „Deadpool“.
Благодарение на првата официјална фотографија од Рајан Рејнолдс како суперхеројот Дедпул можевме да видиме како ќе изгледа костимот, а овој пат можеме да погледнеме и неколку различни сцени од филмот.
Рејнолдс по втор пат ќе ја носи маската на Дедпул, за последен пат го видовме во филмот X-Men Origins: Wolverine во 2009 година, пишува Variety.
Нов трејлер за филмот ќе биде прикажан на 4 август. Режисер на филмот е Тим Милер, а премиерата е закажана за 12 февруари 2016 година.
Покрај Рејнолдс во филмот ќе ги видиме Морена Бакарин, Бријана Хилдебранд, Џина Карано и и други.