Новите паметни часовници на Fitbit го мерат нивото на стрес

0
106

The Verge пишува дека Sense е најскапиот паметен часовник кој Fitbit го понудил на пазарот.

Освен што ги има основните функции и се поврзува со смартфон, овој часовник од 329 долари ја мери електро-дермалната активност односно на кој начин нашата кожа го спроведува електрицитетот, па така може да се утврди кога сме под стрес.

Нивото на стрес се одредува врз основа на температурата на телото. Иако сè уште чекаат одобрување за да ја воведат оваа опција, овој часовник ќе им помогне на корисниците да направат пауза кога ќе ги предупреди дека се под стрес и така да ги мотивира да ги сменат животните навики.

Освен Sense, Fitbit го претстави и паметниот часовник Versa 3 кој чини 229 долари. Новата верзија на овој часовник има GPS сензор и опција за воспоставување телефонски повик.

Претставена е и фитнес нараквицата Inspire 2 која чини 100 долари. Сите три уреди би требало да бидат достапни до крајот на септември.

Извор: kajgana.com