НОВИНАРСТВОТО И НВО СЕКТОРОТ СЕ ПОЈАЧУВА: Со Алаѓозовски заминува и портпаролот Сарачини, се надевам дека бевме достојни на предизвикот, напиша на фб

0
447

Петрит Сарачини заминува од Министерството за култура заедно со министерот Роберт Алаѓозовски. Тој беше вработен како посебен советник во кабинетот на Алаѓозовски.

„Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓаните и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата.

Се надевам дека бевме достојни на предизвикот“, напиша Сарачини на социјалните мрежи.

Сарачини се заблагодари на поддршката која ја добил во изминатите месеци, а била насочена кон заложбата за инклузивна култура за сите. Тој беше вработен во Министерството за култура пред една година по покана на Алаѓозовски, со кого се познавал 25 години.