НОВИНАРОТ НА ,,ИНФОМАКС” МИЛОШ МИЛОШЕСКИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ЗА МАВАЊЕ СО ЈАЈЦА ПО ФАШИСТИЧКИОТ КЛУБ ,,БОРИС ТРЕТИ”

0
580

Прекршочна пријава за мавање со јајца по бугарскиот фашистички клуб “Цар Борис Трети” доби новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски кој денеска претпразнично ја доби прекршочната пријава која е напишана на прилично НЕПИСМЕН начин, имајќи го предвид описот на настанот и низата печатни грешки кои не би требало да ги има во документ на државна институција.

Во пријавата се наведува дека новинарот мавал со јајца по фашистичкиот клуб, а потоа си продолжил со новинарските активности.

Милошевски на Фејсбук кратко напиша дека нема да го скршите Македонецот!

– Прво дојдоа по социјалистите, а јас не се огласив – затоа што не бев социјалист.

Потоа дојдоа по синдикалците, а јас не се огласив – затоа што не бев синдикалец.

Потоа дојдоа да ги бараат Евреите, а јас не зборував – затоа што не бев Евреин.

Потоа дојдоа по мене – и тогаш немаше кој да зборува за мене.

– Мартин Нимелер

Нема да го скршите Македонецот – стои во објавата на Фејсбук.

Чисто информативно, за да не правите исти грешки и во иднина, македонските Бугари би требало да биде напишано со мала буква бидејќи придавките се пишуваат со мала буква, протестанти чисто информативно е РЕЛИГИСКА ОПРЕДЕЛБА, а демонстранти се лица кои протестираат, односно изразуваат револт, а било фрлано СПРЕМА, а не ПРЕМА фашистичкото дувло.

Како и да е, нема да го скршите Македонецот.

ЛИНК од објавата на Милош Милошевски на Фејсбук