Новинарите вчера со прашањата во клубот на пратеници беа уцвикани од Грујо како жаба пред змија

0
603

Искрено од вчерашната лидерска средба во клубот на пратеници очекував Грујо да биде запукан по тоа главата коцкеста Крушорадска со појаки прашања а не да бидат тоа само протоколарни колку ради реда да се помине на редот, и секако , да се надоврзам на вчерашната лидерска средба помеѓу Ахмети,Тачи,Груевски и Заев поврзана со актуелните случувања.

rubin-kolumni

Проблемот е што Македонија нема новинари или се тоа многу малку, што би се рекло се бројат на една рака кој ќе го зачукаат Грујо со прашања за парцелите на Водно, за диктаторскиот мерцедес од 600,000, за Мартин Нешкоски, за провизијата од кинезите од автопатот, за апсењето неистомисленици, за воведување куртон медиуми и слично.

Толку ли е тешко толку ли се усрани од страв нашиве новинари па се вадат со флоскулата дека е важна културата и кодексот на однесување, и ги гледам по слики и видеа како дремат и како се кикотат по маси тоа новинарите на 24 Вести и други медиуми со режимските извршители како Илија Димовски на иста маса а потоа мораме да го свариме одговорот дека тоа е нормално политичарите и новинарите да седат заедно во такви одредени околности и средби, но не ми е јасно за тоа како може новинарите да седат на иста маса со луѓе кој потајно аминуваат носење погребни венци во домовите на новинарите, и секако нити пак се оградуваат од венците,и плус кога сме кај тоа, зошто никој не го праша Илија Димовски што мисли за погребниот венец испратен во домот на Борјан Јовановски?

Што не ги прашаа таму зошто одлежа Кежаровски скоро 2 години во затвор?! Што не го прашаат кој ги конструира сценаријата на гомната од ГДОМ кој пропагираат линч на критички настроени новинари кон власта? Зошто не прашаа зошто ја малтретираа Јадранка Костова од МВР кога беа протестите? Алоооооооооо!! Многу пати сум рекол дека Грујо тоа го сака, тој тоа го бара и тоа му одговара новинарите да му поставуваат прашања од типот на : Како вечеравте премиере? Како спиевте премиере? Зошто не одите по кратки ракави на ова време? Каде ќе одите на одмор?!

Се ова за мене е еден невиден нон сенс и бесмислено, да ти се мотаат главните сценаристи на ваквото режирано сценарио каде новинари се прогонуваат, затвораат и линчуваат, да ти се мота премиер кој е невиден профитер кој за време воени кризи купува џип од 200.000 евра,  4 станови за време конфликтот 2001-ва и сега диктаторски мерцедес од 600,000 евра и да не го прашаат ништо за тоа?

Ама знаат да го прашаат лидерот на СДСМ Зоран Заев колку пари е неговиот Ауди, каде бил на одмор и слично ама не го прашуваат Грујо за џипот од 200.000 евра,за 4-те стана, за плацевите на Водно и за мерцедесот од 600.000 евра ?! Која хипокризија и невидена бламажа, новинарите во Македонија сами си пукаат во нога а потоа по пукање во нога ја земаат тоа рачката од пиштолот и се удираат по глава, нејасно е како од една страна бараат слобода и демократија а од друга страна му седат во скутот и прашуваат протоколарни прашања на оние кој уништија се што е критички и професионален медиум и новинар со ретки исклучоци како Геро,Тричко,Кабранов, Јадранка, Ива итн.

Очигледно сеуште немаат храброст да се спротистават на диктаторот македонските новинари, можам само да замислам како би била ситуацијата да е обратна кога Грујо би бил опозиција а сителовци и останата куртон боранија опозиционери абе ќе ја запалеа јавноста со незгодни прашања и напади, посебно ако некој е ваков крив искривен и валкан од позади како Груевски , до гуша корумпиран во својот криминал но и на оние околу него, значи човек кој влечи и негов и туѓ грев на плеќите.

По се изгледа новинарите во Македонија , или барем поголем број кој се перчат пред камери, која со дерење кој со конструкција на тези и глумење неутралност не знаат за што се залагаат, незнаат со кого имаат работа и незнаат како да се извадат од ситуација усран гулаб!

Рубин Иваноски