НОВА СВИЊАРИЈА НА НАШЕТО СУДСТВО, ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ЌАРАТ 8 МИЛИОНА ЕВРА: КАМЧЕВ, САМСОНЕНКО И ПАНДЕЛЕСКИ ЌЕ ЈА ВОСКРЕСНУВААТ „БЕТОН ШТИП” ОТКАКО ГО ОПЉАЧКАА И ОЧИСТИЈА ОД ДОЛГОВИ?!?!

0
1356

Градежната фирма на Орце Камчев „Бетон  Штип“ се враќа на пазарот. По отворената стечајна постапка фирмата ќе се реорганизира, а според одлуката на Судот во Штип рестартирањето ќе го прават блиските пријатели на Камчев, Сергеј Самсоненко и Дејан Панделески.

Трите фирми, Орка Холдинг на Камчеви, ТИМ ДОО Скопје на Дејан Панделески и Балкан Груп Констракшн на Сергеј Самсоненко се најголемите доверители со утврдени побарувања, па тие добија задача од Судот да формираат нова компанија со истиот бизнис, која ќе го носи истото име, но наместо АД Бетон Штип, фирмата ќе биде градежно трговско друштво со ограничена одговорност.

Долговите на Бетон Штип, ќе ги врати новата фирма, но само 60% од побарувањата што ги имаат стечајните доверители. И тоа на рати, во следните пет години. Па така наместо да врати долг од 8.5 милиони евра, „Бетон Штип“ на стечајните доверители ќе врати само 5 милиони евра, што е намалување за 40%.

„Градежното трговско друштво Бетон Штип АД Штип во стечај ќе престане да постои и ќе се брише од Централниот регистар, веднаш по формирање на новото друштво во кое ќе се спроведе реализација на Планот за реорганизација и во кое што ќе биде пренесен целокупниот имот на стечајниот должник Бетон Штип“ – стои во решението на Штипскиот суд.

Стечајниот управител Живко Калков, во кустиот телефонски разговор ни потврди дека планот за реорганизација е  усвоен од страна на Собранието на доверители, но за повеќе детали упати кон портпаролот на Штипскиот суд.

Според информациите на ТВ 24, сопствениците на новата фирма „Бетон Штип“, Самсоненко, Камчеви и Дејан Панделски веќе ги откупуваат побарувањата на компаниите со големи дисконти. А компаниите наместо да чекаат долгот да им биде вратен во следните пет години, се нафаќаат и на помалку пари, само за да земат некој денар.

Бетон Штип“ има работено како изведувач на седум објекти од проектот „Скопје 2014“ за вкупна вредност од 55 милиони евра.  Ова значи дека откако ја искористија за да намлатат лесни пари од Скопје 2014-та, газдите ја исцедија фирмата и ја фрлија во стечај за сега пак да ја спасуваат ама очистена од долгови кои ги купуваат по дисконт од 80%?!?!

ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО, КАКО САМО СУДОТ ИМ ДОЗВОЛИ ОВА ДА ГО ПРАВАТ, НАМЕСТО ДА ГИ ВРАТАТ ИСЦЕДЕНИТЕ ПАРИ ОД ФИРМАТА, СУДОТ ИМ ДОЗВОЛУВА И ПОНАТАМУ ДА ОШТЕТУВААТ ДРУГИ ФИРМИ КОИ ИМААТ НЕНАПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ ЗА ДАДЕНА РОБА И УСЛУГИ КОН БЕТОН ШТИП?!?!

„Бетон Штип“ е замешан и во предметот на СЈО „Тендери“ против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е обвинета за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања за местење тендер.

Според воведните зборови на СЈО на судењето, поранешниот генерален директор на „Бетон Штип“ во улога на сведок тврдеше дека обвинетата Канческа како министерка за култура во 2011 година му кажала градежната компанија да ги изведе сите градежни работи пред Музејот на ВМРО и да не го чека тендерот, бидејќи средила да го добие неговата компанија.

Поради стечајот на „Бетон Штип“ во прекин е изградбата на неколку објекти од Скопје 2014 како и зградата на ФИНКИ.