Нова мода во Кина: Девојките ја мерат ширината на колената со Ајфон 6

0
1557

Нов тренд за убавина се прошири на кинеските социјални мрежи. Илјадници жени поставуваат фотографии каде позираат со мобилниот телефон Ајфон 6.

Но, тие не ги рекламираат нивните мобилни телефони, туку покажуваат дека нивните нозе толку многу се витки што мобилниот телефон ги покрива нивните колена. Бизарна задача се појави неколку недели по „А4 половината“ според која жените ги мерат своите половини според големината на А4 хартија.

Ако Ајфон 6  ги покрие нивните колената, тоа значи дека имаат одлична фигура. Илјадници жени учествуваат во овој предизвик по пат на Веибо, кинеска мрежа слична на Твитер.

Една од фотографиите досега има 18.000 коментари.

Кинеските жени се под голем притисок да изгледаат како славни личности и имаат совршена фигура. Заради тоа тие се подложуваат на разни диети и пластична хирургија.