НОВА ДРАМА ВО МВР : Истражител на СЈО приведен во полициската станица „Беко“, Катица Јанева од Телма на пат кон станицата ,,Беко”

0
2304

Истражител од тимот на СЈО е приведен во полициска станица „Беко“, јави Телма. А предходно во гостувањето на Топ Тема специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека тимот на СЈО се враќа во УБК бидејќи истражиле е избркан од просториите на УБК.

За сега не е познато дали станува збор за истиот истражител, кој беше избркан надвор од просториите на УБК.

Истражителот е избркан додека обвинителката гостуваше во емисијата Топ Тема. Таа рече дека веднаш по емисијата се враќа во МВР за да види каква е ситуацијата.

„Според судската наредба, нашите истражители, заедно со судската полиција мораат да бидат таму, се до целосно исполнување на судската наредба. Ние сме должни да бидеме таму“, изјави Јанева.

Според последните информации, Јанева е упатена кон полициската станица „Беко“.

Извор : Либертас