НОВА БРКОТНИЦА И ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР – ПОЛИЦИЈАТА СЕ СУДРИЛА СО УБИЈЦИТЕ КАЈ ,,МАВРОВКА”

0
368

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот .

На подрачјето на Општина Чаир забележано било патничкото возело од кое утринава било пукано во адвокатот на паркингот кај ТЦ „Мавровка“, а тројцата напаѓачи во обид да победнат почнале да пукаат кон полицијата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).„Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг-простор пред трговски центар ‘Мавровка’ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.

Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно-тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на Општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.

Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, соопшти МВР.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот .