НОВА БОМБА НА 1 ТВ: Приведени Миле Јанакиески и Спиро Ристовски за крвавиот четврток

0
468

1ТВ дознава и дека екс министерот за транспорт Миле Јанакиевски, како и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски се приведени.

Претходно како што јави 1ТВ во домот на екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, дошла полиција за да го приведе за настаните од „Крвавиот четврток“.

Случајот 27 април го води ОЈО за организиран криминал, а за овој предмет во тек се завршните зборови за оние за кои има обвинителни акти.