Нова афера „Фиком“

0
739

Во периодот од 2002 до 2004 година група граѓани по принцип на соинвеститорство, на тогашната фирма Фиком, уплатиле 90 проценти од вредноста на становите во зградата наречена Филип на булеварот Теодосие Гологанов. Двете страни склучиле договор за купопродажба кој е нотиран и од страна на судски вештак.Во наредниот период за кој измамените граѓани тврдат дека не се запознаени, Еуростандард банка истите станови ги става под хипотека,а од неодамна на зградата осамнува оглас за продажба на овие станови, пренесува Телма.

Судот се повикува на закон од 2008 година кој за нас не е валиден,бидејки според него кога ке купите стан треба да го регистрирате во катастар.Тој закон во 2002 година не постоеше.

Ке се случи истото сценарио по кое ке се продаваат и зградите Антогона 1 Николина и други.

Договорите за соивеститорство на сите досегашни судски рочишта од основен до врховен суд се одбиени иако судски вештак потврдил дека се склучени.Измамените граѓани се револтирани од ваквите одлуки и велат дека ова се прави во спрега меѓу градежната мафија и корумпираното судство.

Дале и овој како и во други случаи државата ке го крие организираниот криминал и злосторничките здружувања ,или ке бидеме сведоци дека сепак постои правда и на нас ке ни се вратат становите или парите.

Измамените граѓани велат дека кога уплаќале за изградба становите биле проценети од 700 до 900 евра за метар квадратен.Од новата фирма Дан –Мак која сега ги продава по 1100 евра за метар квадратен со ДДВ велат дека се е чисто во овој случај.Тоа што оваа зграда сеуште не е впишана во катастар и за становите кои ги продаваат немаат имотни листови не е проблем. Сите одлуки и решенија велат од Дан-Мак се на наша страна и за десетина дена ке завршат сите процедури , откако ке се изврши промената на инвеститорот.