Новата книга за Хари Потер „под лупа“ на британската тајна служба

0
643

Во рамки на тајните акции за заштита на националната безбедност на земјата, британската тајна служба ГЦХК ја аналиизрала сè уште необјавената книга за Хари Потер, чии делови се појавија на интернет, објави издавачот на книгата.

Имено, набрзо по објавување на последното издание на седумделната сага за момчето волшебник на британската писателка Ј. К. Роулинг, издавачот Најџел Њутон добил необичен телефонски повик.

– Се сеќавам дека ме повика агент на ГЦХК и рече дека е пронајдена копија од книгата на интернет – изјави Њутон во интервју за австралиското радио „Еј-би-си“.

– Јас му реков да ѝ прочита една страница на нашата уредничка, а таа на тоа одговори дека станува збор за фалсификат – изјавил Њутон, основач и извршен директор на издавачката куќа „Блумсбери“, нарекувајќи ги шпионите „добри момчиња“.

ГЦХК не сакаше да ги коментира ваквите наводи, а претставник на агенцијата изјави дека „не ги коментираат нивните одбрани од силите на злото“.

На читателите на книгата за Хари Потер им е познато дека „одбраната од црна магија“ е меѓу наставните предмети во училиштето за волшебници „Хогвартс“, каде учениците учат како да се одбранат од лошите волшебници.