НОВАК ЃОКОВИЌ НА СВЕТОТ СЕКОЈ ДЕН ПОКАЖУВА ДЕКА НЕ Е АНТИВАКСЕР – СРПСКИОТ ТЕНИСКИ АС КУПИ 80 ОТСТО ОД ДАНСКА КОМПАНИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТРЕТМАН ПРОТИВ КОВИД-19

0
269

Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes.

Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19.

Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ.

Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета.