Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференцијаобјави разговор за меѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски околу амнстијата на Хашките случаи.
За ова дури и тогашниот министер за правда Михајло Маневски не сакал да даде позитивно мислење, но според договорот со Али Ахмети, морало да се истурка.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски
ТВ: Значи, за автентичново го имаме тоа, така?
ГЈ: Го имаш. Со тоа што знаеш, јас и на Михајло му се јавив, пошто фактички он треба да даде мислење, он да потпише.
ТВ: Ама нека го даде он. Јас барањето да ми е поднесено.
ГЈ: Да де да. Тебе двете ти ги пуштив. И Михајло вика: а бе не можам вика позитивно да дадам. А бе Михајло, па сега…
ТВ: Ако не ја што ќе дадам, што ќе дадам?
ГЈ: Не, не. Ама викам – знаеш што е работава, не сме мали деца, сега све што им дадовме вака со песна да им даваме.
ТВ: Да де да.
ГЈ: Ја тоа…баш вчера му викам на Премиерот: а бе два дена не сум спиела од мака.
ТВ: Мхм.
ГЈ: Оти стварно…тоа е тоа. Ама ајде, ќе ја пегламе.
ТВ: Ама…Слушај, ова е напишано.
ГЈ: Да бе да.
ТВ: Ова само пратениците да го потпишат.
ГЈ: Да, ама да го видите. Оти јас до сега не сум видела знаеш текст на барање за автентично, дали е океј…
ТВ: Не, ова е обично е тоа, ќе го видат ова сега.
ГЈ: Добро, ама знаеш да го видат службиве кај тебе, да не има нешто што после…
ТВ: Добро, добро.
ГЈ: …на цела мака што ќе си ја имаме со другиве работи, и со тоа. Океј, ајде, поздрав.
ТВ: Важи, важи, договорено. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, чао, чао.