Убиството на полицискиот службеник од СВР Куманово, при интервенција по пријава за семејно насилство ги отвара прашањата за тоа до кај сме и какви треба да бидеме, но за жал по изгубени човечки животи !
Ниту Центрите за социјални работи, ниту МВР соодветно ги третираше пријавите за семејно насилство кои завршуваа и со загубени човечки животи.
Додека Центрите за социјални работи мислеа дека семејното насилство (од различни причини) е прашање и за полицијата, а не само за нив …, полицијата сметаше дека, семејното насилство не е примарна полициска работа. Кога ќе има жртви, тогаш се отвараат дилемите: кој требал да превенира, да пријави, да згрижи, да санкционира, да интервенира …
Работите мора да се менуваат на подобро, вака не оди …
Штетата е ненадоместлива !
Фросина Ременски
фејсбук статус