НИТУ ЕДНА ЛАЖНА, ПАРТИСКА АНКЕТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОКРИЕ НЕРАБОТЕЊЕТО И КРИМИНАЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

0
636

Ниту една лажна анкета пласирана од Белиот дворец не може да ја сокрие вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неработењето на градоначалниците од оваа партија.

Последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ односно неработа.

Ниедна нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие скандалите во кои е вмешан Мицкоски ниту пак срамот од бројните судски случаи, од „Плацеви на Водно“ па се до „Титаник“ против членови на партиското раководството на најкриминалната партија во Европа.