Никој не смее да припари во дувлото на режимот во УБК : Јанкуловска и Мијалков се договараат како УБК да ја заштитат од надворешна контрола од Собранието!

0
538

Mijalkov

азговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ТВ: Зборев со Оливер затоа сакав да ти пренесам, викам е ова…. ја му понудив ова она..и сеа вака да ја кратам аа вика спремен сум се друго да се повлечам само за Комисијата им е амандманот…
ГЈ: Ама…ептен лоша е формулацијата бе Трајко, таму ние имаме ставено кога сака без најава Комисијата, нели заради тоа што викаме у полн состав, и сеа ако го избришеме полн состав, нити пишува колку луѓе да дојдат…
ТВ: Не, нивниот амандман, нивниот амандман…
ГЈ: Епа нивниот, нивниот е значи…
ТВ: Како пишува нивниот?
ГЈ: Нивниот вика зборовите полн состав се бришат
ТВ: Да….
ГЈ: И уште нешто таму се додава…Комисијата носи одлука со мнозинство од гласовите што тоa секако е прашање на Деловник…
ТВ: Да…
ГЈ: Тоа не знам ни зошто го ставаат у закон ама ајде нема врска…и тоа значи дека ќе остане дека Комисијата во секое време без најава може да врши проверка…односно и еден и двајца членови и тројца…
ТВ: Мхм…
ГЈ: Ја тоа и му реков, викам тоа е партиска Комисија таков простор оставаме…ама они очигледно го збореле, оти он преѓе, нели прошлиот пат сам беше, сеа дојде со Минчев и со Емилијан…
ТВ: А појачање, а?
ГЈ: Да појачање и овие додаваат ова она, викам абе вие ми се собравте овдека ме нападнавте
ТВ: А тука.. ааа така си праевте муабет тука…
ГЈ: Абе ние знаеш, ја дојдов на Комисија и он седеше надвор, викам Оливер ај да се видиме да не почнам да ти ги одбивам амандманиве, да знаеме на што сме, и добро тоа истото ми го кажа би прифатиле да повлечеме се само за Комисијата, викам дај да најдеме викам за Комисијата значи сакам да напраиме и ние чекор и вие чекор негде да се најдеме ама глеам дека ептен тука се цврсто решени, оти они и сега не знам он на кого му вртеше дали на БЦ или на некој друг или па на никој не можам да кажам, не е ни битно…Не вика нема, нема кај нас, и у партија сме го збореле тоа ова она, и јас видов дека фактички тој амандман е меѓу последните и јас ако стигнам до тој и им ги одбијам сите, може знаеш ако не сме договорени да се добие впечаток дека ништо не прифаќаме и викам ај викам да подразмислиме уше малку па дополнително ќе ја закажеме комисијава, и ја мислам да не брзаме со закажување, уше, да напраиме уше некој обид….

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Еее Горде, шо има?
ГЈ: Абе кратко уше една работа..овие комуњариве откако заминав јас со Трајко седнале пошо знаеш сеа гледаат дека битно ни е да пројде законов ама и они незгодно ќе поминат со странциве па Трајко им дал еден предлог ако го прифатат по мене е океј, практично целиот тој член што се однесува на надзорот на Комисијата да се брише што значи ќе си остане ко до сега
СМ: Па така е добро
ГЈ: Така е добро, ние нели ради Европска комисија го стаивме иначе… и фактички трн у здрава нога си стаивме а ако ептен не се сложат па тоа им дал уште една алтернатива, да се избрише тој дел дека ненајавено може да доаѓаат, шо значи пак ко ќе доаѓаат ќе мора да се најават…
СМ: Не, најавено да речеме три пати у годината на пример… нее 200 3 пати…
ГЈ: Не, ние да пробаме да не доаѓаат воопшто ненајавено…знаеш ко шо сега шо е…
СМ: Не, не… најавено и да речеме два пати, три пати или квартално…ама квартално е многу, не може они да доаѓаат кога ќе им текне, како тоа, кај го има тоа…разбираш…значи да биде…
ГЈ: …да биде ограничено
СМ: …најавено и второ да биде ограничено со некоја бројка
ГЈ: …е сеа тоа со ограничено мислам они тешко ќе го прифатат оти ич го немавме спомнато до сеа… ама да пробаме
СМ: ее, ќе пробаме и готово да…ќе пројде, ама не стварно не може они 365 пати да доаѓаат
ГЈ: Не види ако треба…
СМ: …зошто ако не стаиш у закон ќе дое некој идиот кај мене…Станкович и секој ден ќе ни дое таму…
ГЈ: Абе даа и ќе ти се иживљава….
СМ: И ќе се иживљава… тоа и најавено ама ќе почне да доаѓа секој 3ти ден
ГЈ: Абе, добро друго е најавено, знаеш најевено па ќе му речеш дојди у вторник, не можам у среда, подруго е ама не е добро да ти доаѓа на 3 дена…
СМ: Не не нека има некој број… еднаш…максимум да биде еднаш квартално
ГЈ: Епа …
СМ: Тоа е максимална бројка
ГЈ: Ај да видиме и тоа ќе му речам на…
СМ: Тоа е значи квартално, еднаш на 3 месеца, тоа е пречесто, како да ти кажам, ама тоа е вака ја и ти праиме муабет… два пати или три пати у годината на пример…
ГЈ: Абе, ние да им предложиме па ако пројде супер
СМ: Еднаш два пати годишно предложи им, да видиме шо ќе кажат
ГЈ: А тоа ненајавено мислам по секоја цена да се трга
СМ: Не тоа нејавено не можеме да го прифатиме…
ГЈ: Тоа не може, посебно не може што они не прифаќаат у полн состав, знаеш сеа, не може ни све по наше, ни све по нивно
СМ: Да…
ГЈ: За да пробаме, да се најдеме негде работава, чисто за тоа сакав за тоа да те апдејтирам пошо јас само што заминав нели зборев со тебе они кај Трајко отишле, што е океј сеа
СМ: Најбоље e да пројде ова што го вика Трајко
ГЈ: Види тоа е идеална ситуација, да се брише и ајт со здравје па они нека ставаат у деловник дали ќе гласаат со мнозинство или немнозинство тоа и така ние не може да ги ограничиме..
СМ: Ете така… добро…
ГЈ: Ај да видиме тоа, океј…
СМ: Па ќе се чуеме
ГЈ: Ајде, чао, чао

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде…
ГЈ: Е, кажи…
СМ: И уше една работа, колку време може да трае таа контрола…не да влезат и да трае 12 месеца ха, ха, ха…
ГЈ: Не, они мислам и не може да седат неограничено, може тоа некако со Деловник да го уредат…
СМ: Комисија е тоа не може неограничено да седат… имај го и ова во предвид да знаеш…
ГЈ: Да да, ама да не го ставаме во закон… пошо знаеш
СМ: Да, да мислам дека не…
ГЈ: Ако…знаеш ако
СМ: Нема да трае тоа поише од еден ден
ГЈ: Знаеш ако отвориш врата за рок и тука ќе ти преговараат а вака нигде нее…
СМ: Ако отвориме и тоа ќе кажат…аа ќе им даеме ааа така…
ГЈ: Ќе им текне аа сеа …
СМ: Вака се знае дека контролата е два саата
ГЈ:…и политички, дошле ете бе бевте и шо видовте, видовте шо видовте ајт со здравје…
СМ: Ајде чао ајде…
ГЈ: Колку…абе по мене колку помалце пишуе у закон за нас е толку подобро
СМ: Да…
ГЈ: Еве и со ова шо го стаивме, трн си стаивме ама да бараме да излеземе од ситуацијава
СМ: Важи
ГЈ: Окееј, ајде чао

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ГЈ: Да
ТВ: Сега зборев министерке…
ГЈ: И шо вика
ТВ: Му…Е вика добро ај да прашам… вика за она првиот став да се брише и да остане со мнозинство гласови, така беше?
ГЈ: Да де да
ТВ: Да…
ГЈ: Ама чекај…ама да има претставник и од власта и од опозицијата, значи да не она без најава…
ТВ: Не не не може така сеа… не зафркавај сеа, не ти прифаќа, не без најава… чекај вака сеа, тие имаат амандман нивни…
ГЈ: Да
ТВ: Во делот кај шо пишува првиот став е без најава, така?
ГЈ: Не, они бараат, во првиот став пишува… може без најава во полн состав…
ТВ: Да…
ГЈ: … они бараат полниот состав да се брише…
ТВ: И да остани, првиот став ќе биди без најава…
ГЈ: Да, е тоа нас не ни одговара…
ТВ: Чекај…а вториот пишува со мнозинство гласови така?
ГЈ: Да
ТВ: Е сега од двата става, првиот став без најава е тоа да се тргни, значи ќе мора да се најават, а вториот став…
ГЈ: А втората ја носи со мнозинство, тоа е океј… тоа е и сега така уствари
ТВ: Па и сега така функционира
ГЈ: И сега е така значи они ќе донесат одлука секако, значи ние не можеме да им речеме носете ја со две третини, со деловник го уредуваат тоа…
ТВ: Да
ГЈ: И нормално е ќе се најават…
ТВ: Е така…
ГЈ: Како Тито шо праеше, се најавуваше па ја дур му одговорам, на тоа се сведува…
ТВ: Инаку не можеме да…нема шанси да прифатат да има претставник… со две третини и да има претставник еден од власта
ГЈ Не ама добро вака кога треба со најава плус нашите таму ќе рипаат, да бидам јас во тимот, да не бидам јас, знаеш….
ТВ: Да, да, да, да…
ГЈ: И друго е, кога е со најава купуваш еден ден, значи он ќе даде изјава, ти ќе дадеш изјава после ќе видиме… а да е без најава може буквално он да закаже Комисија тројца да се состанат…
ТВ: Ја им реков…
ГЈ:… и да ти дојдат
ТВ: Значи ја им реков првиот став да се брише, значи…
ГЈ: Целосно значи да…
ТВ: Целосно да се брише и полн состав и без најава да се брише…
ГЈ: Фактички тогаш ќе остане дека надзор врши Комисијата и дека одлуката за надзор ја носи со мнозинство гласови…
ТВ: Е така..
ГЈ: И толку…
ТВ: Е добро тоа ќе биде…
ГЈ: А тоа и сега го имаат они во нивниот… у во деловникот и во вашиве закони собраниски…
ТВ: Е така, е така…
ГЈ: Епа ај нека ни пушти абер ако тоа е океј…
ТВ: Е сеа вака ја му кажав да викам да оди на тоа, ај да прашам вика со Игор па после ми се јави за 5 минути, сепак вика ќе треба да прашам у партија ама мислам дека се расположени…се расположени, мислам дека ќе го прифатат… у секој случај вика до вечер ќе ти вратам…
ГЈ: Супер или тоа или па скроз тој член да го избришеме, пак на исто се сведува, носат со мнозинство…
ТВ: Не, не не сака така…не сака
ГЈ: Добро ти кажувам од аспект на суштина исто е…
ТВ: Знам исто е, тие после у деловникот го решаваат… а деловникот го носат пошто имаат самите мнозинство
ГЈ: Да, де, да
ТВ: Да…
ГЈ: Со тоа што нашиве ќе треба да бидат малку поагилни, да одат редовно, тие работи, знаеш…
ТВ: Е така да
ГЈ: И тоа е тоа…
ТВ: И понатаму… нема ништо посебно…. сакаше да го политизира со Љубе тоа беше…
ГЈ: Добро бе види они ко. ко, ко… Анкетна комисија коа има ќе дојдат еднаш, кај ќе ги однесеш, ќе ги однесеш… и тоа е…
ТВ: Тоа е да, да…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ТВ: А ова твојов закон мора да го онадиме не смееме да идеме…
ГЈ: Абе мора некако да најдеме за тоа решение
ТВ: Да…
ГЈ: Ја исто и со овие од кај мене шо се стручњациве, со Сашо коа збориме, не бе вика нишо да не им прифаќаме, абе викам најубаво е ништо да не им прифаќаме ама не можеме да го донесеме неаме две третини
ТВ: Е како ќе го донесеме…
ГЈ: Епа тоа, тоа им објаснувам, вика, знаеш сеа нормално они сакаат да си се покомотни у УБК…
ТВ: Е сеа сакаат, и ја сакам…
ГЈ: И јас сакам да се покомотни оти јас сум министер, по мене стапот ќе биде…
ТВ: И ја сакам овдека демократија да има со 123 пратеници од ВМРО
ГЈ: Така? хахахаха
ТВ: И да да да да не се…
ГЈ: Не… да се најдеме ако може
ТВ: Ај ќе зборам со Оливер па ќе видам
ГЈ: Ај ти збори па пушти ми абер, па со Тони да договараме
ТВ: Важи, договорено…
ГЈ: Океј… ајде поздрав чао
ТВ: Вечер се глеаме така?
ГЈ: Вечер да, во 7.
ТВ: Добро
ГЈ: Ајде чао…