- Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар -Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се гради Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни – Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата.
Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп – Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани.
Во моемнтов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци – Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има еден огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце – Крива Паланка”.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во ,,Радио Лидер”.