Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

НИКОЛОСКИ : ТРИ ГОЛЕМИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ПУШТАМЕ ВО УПОТРЕБА ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка. Вториот е експресниот пат Градско -Дреново дел од коридор 10 д и третиот е проектот кој се најавува уште кога бев дете, а сега прв пат има реализација а тоа се првите 40-тина километри од пругата кон Бугарија, потегот од Куманово до Бељаковце, истакна вицепремиерот Николоски во гостувњето во Дневникот на ТВ Сител.

-Јас не се сеќавам во Македонија за неколку недели да се отворат три крупни капитални проекти, што мислам дека е добро и за целокупната енергија во државата. Гледам многу позитивни коментари после настанот вчера, народот сака добри вести, сакаат реализирани проекти, сакаат да видат дека може нешто да се заврши. Кога бевме избрани се соочивме со проекти кои немаа јасен проектен менаџмент или беа заглавени го огромни проблеми.

Сега тоа се е сменето. Реков Грдско – Дреново ќе го пуштиме во сообраќај. Почнавме да го градиме автопатот Прилеп -Битола што значи дека и тој дел ќе биде квалитетно поврзан. Од другата страна на коридор 8 веќе имаме автопат Скопје-Тетово, можам да најавам дека овој месец започнуваме со изградба на автопат Тетово-Гостивар бидејќи ова што сега го имаме не е автопат.

Гостивар -Букојчани веќе се работи на популарната Стража, Букојќани -Кичево веќе имаме тендерирање и Кичево -Охрид интензивно се работи, што значи дека заедно со експресниот пат што сега го пуштивме некаде во 2028 година од Охрид до Крива Паланка ќе има или автопат или експресен пат што ќе значи целосен реализиран коридор 8 и ние ќе сме единствена држава која на мапата на коридор 8 ќе имаме целосна врска затоа што тоа е наша стартешка предност, истакна вицепремиерот Николоски.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ