- Првиот голем проект е брзата железница, односно брзата пруга на Коридорот 10, која што треба да оди од Табановце до Гевгелија, односно од границата со Србија до границата со Грција.Ќе се користи постојната рута, односно ќе се оди по рутата од Табановце која поминува покрај Куманово, влегува во главниот град Скопје, оди до новата железничка станица и надолу се спушта по реката Вардар и ја користи долината на реката Вардар, поминува Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и излегува на границата со Грција.Со тоа што, тоа нема да биде обична реконструкција на пругата во смисла се вадат старите пруги, се ставаат нови пруги, туку ќе е една целосно нова линија со два колосеци.
Ние во моментов имаме линија која што е со еден колосек и која што е за жал во очајна состојба.
Вицепремиерот на Влада, Александар Николоски за Сител ТВ.