Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ : СО ОАЕ СЕ ДОГОВАРААТ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ТУРИЗМООТ, ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, а се обидуваме да договориме уште најмалку два лета со Ер Арабиaн, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати.

-Ја продолжуваме посетата на Обединетите Арапски Емирати. Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицскоски денеска остварува средби со бизнис коморите во двата големи емирати, емиратот Шарџ и емиратот Дубаи. Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфраструктурата, туризмот, во делот на земјоделието.

Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија, рече вицепремиерот Николоски.

Посочи дека и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен.

-Имавме исклучително добра средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во текот на утрешниот ден ќе имаме средба со Премиерот, а денеска на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што ќе допринесе за уште побрз развој. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот.

Со овие средби се надеваме дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува, изјави вицепремиерот Николоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ