Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ : СО МНОГУ ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА НА ВРЕМЕ ЗАВРШУВАМЕ ЕДЕН КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ

„Со инвестиција од 107 милиони евра, денеска се пушти во употреба експресниот пат до Куманово (Страцин) – Крива Паланка во должина од 25,5 километри. Нова модерна патна врска која ќе ја забрза комуникацијата кон источниот дел на Македонија.

Експресниот пат е дел од меѓународниот коридор 8 кој има значајна улога во развојот на економијата и ќе преставува услов за отворање на нови фабрики, нови работни места и ќе се подобри патната комуникација со овој дел на Македонија“ – истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според него, „нема поубав начин да се започне Нова година од отворање на еден ваков капитален проект кој ќе остане децении и векови после нас и за тоа честитки на сите, честитки за цела држава и за сите кои што ќе го користат овој пат кој дефинитивно ќе поврзе протокот и комуникацијата меѓу главниот град Скопје и Истокот на Македонија.

Патот ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата од двете страни на експресниот пат да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвораат фабрики, нови работни места и целосно да го заживееме источниот дел на Македонија.

Честити на сите кои што работеа и честитки за успехот“. Николоски порача – „првпат во историјата на Македонија се заврши еден проект на време. Беше 31.12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извозевме првпат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите. Нека е со среќа, аирлија, да се гледаме за нови работи, најавуваме и нови проекти кои што ќе бидат за брзо отворени, а оваа година ќе почнеме и нови проекти кои што ќе значат развој за Македонија“.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ