Николоски се претера!

0
387

Критиката е добредојдена кога е добронамерна. За жал, многу тешко може да се препознае добронамерност во вчерашните критики што ги упати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за начинот на кој властите се справуваат со заканите од коронавирусот, пишува Катерина Блажевска за „Дојче веле“.

-А изрече многу: од „неспособно водство на државата кое не знае како да се справи со оваа криза”, преку „тотални аматери кои што не знаат да работат, не сакаат да работат и не сакаат да учат”, до „крајно неспособни”. Критиката не е забранета ни во време на пандемија од коронавирус, ни во време на вонредна состојба. Ниту властите се богови, ниту постои совршен човек, политичар, министер… Но, ако критиката не се потпира на аргументи, завршува на штета на оној кој неосновано критикува, како што се случи на вчерашната дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Затоа што секој живот вреди“.

…Ова го зборува потпретседател на партија која се согласи дека е неопходно воведување вонредна состојба. Која е поентата претпладне да се зборува едно, попладне да се „откриваат“ скриени намери на власта, а притоа да се девалвира целиот институционален систем кој има надлежност да ги следи идните одлуки на Владата, во однос на контрола, превенција, но и на кривична одговорност од можни злоупотреби?

…На крајот, со вакви ставови најмногу се потценува свеста на граѓаните, кои најдобро можат да направат разлика помеѓу опасноста од коронавирусот и од шибицарење за партиски цели со непредвидливата траекторија на Ковид-19. Еден ден заразата ќе стивне и ќе исчезне, но зборовите што сега ќе се кажат ќе останат забележани во општествената меморија. Некому за добро, некому за лошо, пишува Блажевска.

Колумна на Катерина Блажевска за Дојче Веле.