Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ: ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО СУДСТВОТО ОД КОРУПЦИЈАТА Е НЕМАЊЕТО МОРАЛ И ОДНОС КОН ЈАВНОСТА

Недостигот на морал и одговорност во судскиот систем го прават овој проблем уште посложен, изјави вечерва потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на Тема на денот на Сител телевизија.

Николоски нагласи дека иако е потребно да се решаваат многу проекти, без правда во државата, граѓаните нема да се чувствуваат безбедно. Според Николоски, иницијативата за распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет е само првиот чекор кон подобрување на ситуацијата, а целта е да се врати довербата во судството и да се подобри правдата во земјата.

„Во моментов судството е најслабиот дел од општеството. Ние можеме цела Македонија да ја изградиме, да имаме десетици проекти, но луѓето бараат правда и очајно ја бараат правдата. Тие не прават разлика помеѓу властите, затоа што извршната власт, во која што сме ние, и судската се одвоени, но затоа што нас не не избираат на избори, одма бараат решение. Самото тоа што довербата е 2%, тоа е статистичка грешка, многу кажува. Тоа се луѓе кои што исто се занимаваат со јавен живот. Јас да би имал 2% поддршка, би ми било срам на улица да излезам, а камоли да се занимавам со јавна работа“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека членовите на Судскиот совет треба да поднесат оставка, бидејќи се избрани од Собранието, а поддршката за нив доаѓа од коалицијата СДСМ-ДУИ.

„Во моментот кога ние ја поднесовме оваа интерпелација, очекував членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, затоа што тие се бирани од Собранието. Ние не поднесовме првиот ден по формирање на владата, оставивме да видиме како ќе работат. Тие кои што ги поддржуваат, тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ“, нагласи Николоски.

Според Николоски, тоа што не поднеле оставки покажува дека членовите на Судскиот совет немаат морал и одговорност кон јавноста.

Најголем проблем во судството, како што вели, е недостатокот на морал и односот кон јавноста, што ја прави ситуацијата неодржлива, а масовниот одлив на луѓе од Македонија е резултат на недостигот на правда.

Со оглд дека судството не ги исполнува своите задачи и состојбата е очајна, Николоски потенцира дека иницијативата на премиерот Мицкоски е важен чекор, бидејќи, како што рече, без правда луѓето нема да се чувствуваат безбедно во земјата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ