Sunday, April 20, 2025
21.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека од вкупниот број издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на ДУП кој изнесува 3 илјади лиценци, до денеска прегледани се 2810.

Од нив, одземени се 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови.

Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци.

Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР, рече Николоски.

Николоски додаде дека наскоро јавноста ќе добие бројки од целата акција која ја презема владата а која се однесува на проверка во сите сектори каде констатирале недоследности.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕЏИТИ НАЈАВУВА: ТРАНСФОРМИРАЊЕТО НА ВЛЕН ВО ПАРТИЈА ПОЧНУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ Првиот...

ПУТИН ПРОГЛАСИ ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ЗА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН

Фото: kremlin.ru Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ