Министерот за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави анимации како ќе изгледаат денеска најавените реконструкции на објектите на Градската болница „8 Септември“ и на охритскиот аеродром „Свети Павле“.
За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, вели министерот Николоски.
„Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2.000 м2 на двете нивоа“, напиша на својот фејсбук профил министерот за транспорт Александар Николоски.