НИКОЛОСКИ, МУЦУНСКИ, МИСАЈЛОВСКИ, МИЦЕВСКИ, САЈКОСКИ, МИЛОШОСКИ : РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО! ДА НИ Е ВЕКОВИТА АВТОКЕФАЛНОСТ

0
557

Сајкоски: Радувај се Македонијо! Автокефална Македонска православна црква

Автокефална Македонска православна црква-Охридска архиепископија!!!

Да се радуваме денеска, радувај се македонски народе, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и земјата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божјо.

Мицевски: Честитки за мудроста на Синодот, за многу години автокефалноста

Мисајловски: МПЦ е македонскиот идентитет, нека ни е вечна автокефалноста

Муцунски: Автокефалноста на МПЦ ни носи духовна радост и душевен мир

Честитки по повод упатувањето на томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Аерхиепископија од страна на светиот синод на Српската Православна Црква.

Искрено посакуваме и веруваме дека наскоро ќе следи официјалното прогласување на автокефалноста на нашата вековна Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Овие значајни одлуки и благопријатни вести ни носат голема радост, духовен мир и надеж за поубава и посветла иднина на сите нас во татковината, на сите Македонци ширум светот и на целиот христијански православен свет.

<p>Николоски: После векови негирање, официјално признаение, тука сме и постоиме</p>

Историски ден! После векови негирање, официјално призната вистината – тука сме и постоиме!

Автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија!

Никогаш да не заборавиме дека црквата го одржа Македонецот! Во 5 века турско ропство и скоро еден век поделби Црквата беше таа која ја одржа свеста за засебна Македонска нација, Македонски јазик и Македонска култура.

Честитки за мудрата политика на поглаварот г.г. Стефан и сите владици од Синодот на МПЦ!

За многу години!

Милошоски: Честито автокефалност на Македонската православна црква

Радосна вест на празникот Св.Св. Кирил и Методиј – честита автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија – сега, секогаш и во вечни векови!