НИКОЛОСКИ : МОРА ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО ЗА НАДЗОРОТ НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10 БРОЈ 1 КОМПАНИИТЕ ОД САД И ФРАНЦИЈА ГУБАТ ОД КОМПАНИЈАТА ОД ИТАЛИЈА КОЈА НИКОЈ НЕ ЈА ПОЗНАВА, ПРЕДМЕТОТ Е ВО ЈО

0
189

Во интервју за неделникот ФокусАлександар Николоски вицепремиер и министер за транспорт истакна дека мора да се истражи како за надзорот над Коридорите 8 и 10 број 1 компаниите од САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познавапредметот е во ЈО. 

За жалпретходната влада на Зоран ЗаевДимитар Ковачевски и Артан Груби потпишала во договорот дека за да се декласифицира треба да се согласат двете страниЈас само што станав министер за транспорт побаравно другата страна не дозволи да се декласифицираИнакудоговорот е јавно познатјас лично сум го извадилбев единствен политичар во опозиција кој имаше храброст да го извади во јавност и тоа е тоа“ рече Николоски. 

Во однос на тоа дека имаше многу критики и за надзорот тој истакна: 

Се уште стојам зад тоа што го зборував во опозиција дека има многу лош надзорНадзорот треба да е заштита на државатано не е никаква заштитаНосител на надзорот е компанијата ИРД. Ве повикувам и вас како истражувачко новинарство да ја проверитеЗоштоСе работи за компанија која номинално е од Италијано во Италија има нула евра обртодносно не работи ништо во Италија, а најголем дел од обртот е во Македонија и Молдавија. И, случајнодиректор за Македонија на таа компанија е поранешен вработен во моето министерствошто ќе се согласите дека во најмала рака е судир на интересиТоа е компанија која наплаќа 30.000 евра по месец за експерт, 25.000 по месец за експертза четворица експерти што го пишувале договорот и напишале лош договор за државата наплатила по 250.000 евра по експерт итн. И исто така интересно е, овој предмет е во Обвинителството и се истражувакако тоа победи компанија од Италија која во Италија не работи ништо, а не победи американската компанија „Хил“ која е број 1 за надзор во САД, или француската компанија „Ежис“ која пак е број 1 за надзор во ФранцијаТие 3 понуди беа вкупно и внимавајте – француската компанија имала за 6 милиони евра поефтина понуда“ кажа Николоски. 

Во однос на тоа зошто била дисквалификуванаНиколоски рече: 

Поради некои ситни технички образложенијаЗначиброј 1 компаниите во САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познава“ нагласи Николоски. За тоа дали има сомнежи дека компанијата е параван зад која стои капитал од другатрета земја Николоски рече: 

Тоа треба да го провери Обвинителствотоно јас како претставник на државата не сум задоволен што надзорот работи за насЕве ќе отворам уште една работа… Истата оваа ИРД има добиено преку Светска банка средства за изградба на т.нмултимодуларен комплекс кај Трубаревокадешто се спојуваат двете железници на коридорите 8 и 10. Само за да изработат физибилити-студија и идејно решение како тоа да изгледа во иднина, а се сведува на предлог да се потпише јавно-приватно парнерствошто во Македонија е автопат за злоупотреба на службена положба и овластувањедобиваат некаде 800.000 евраОва се бројни прашања околу оваа компанија кои сметам дека треба да се отворат во јавност“ потенцира Николоски.