- Со мене ќе има и други министри од Владата, така што очекувам деновиве да излеземе со детали, но веќе е дефинирано дека посетата ќе биде следната недела и таму ќе имаме средби на највисоко ниво. Еве можам да кажам еден куриозитет кој што мислам дека многу говори за симболиката, знаете во големите држави симболиката многу значи.
Најавено е дека потпишувањето ќе биде во кабинетот, кој што Винстон Черчил го користел во Втората светска војна, што мислам дека многу говори за симболиката да ја дадат од Велика Британија, да се потпише во кабинетот на историската личност број еден во Велика Британија.
Вицепремиерот на Влада, Александар Николоски за Сител ТВ.