Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ: АРСОВСКА ЦЕЛОСНО ПОТФРЛИ, ЌЕ ПОНУДИМЕ КВАЛИТЕТЕН КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител. Николоски се осврна на претстојните локални избори, истакнувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, целосно потфрлила во своето извршување на обврските.

Николоски посочи дека во моментов, во рамки на партијата се оформува сериозен круг на потенцијални кандидати за Скопје, од кои дел веќе јавно ја изразиле својата амбиција. Николоски информираше дека во втората половина од летото ќе се искристализира кандидатот за Град Скопје, а согласно најавите од премиерот и претседателот на партијата, до крајот на овој и почетокот на следниот месец ќе бидат утврдени и кандидатите за другите општини.

„Во реализацијата на мандатот, актуелната градоначалничка на Скопје потфрли, тоа е факт и скоро и да нема задоволни луѓе од нејзината работа. Луѓето прават јасна дистинкција и се виде и по минатогодишните изводи дека не ги поврзуваат градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме еден сериозен пул на кандидати во рамки на политичката партија, дел од нив јавно прокламираат дека се заинтересирани и очекувам втората половина на летото да искристализираме кандидати за градот Скопје. Претходно кажа и премиерот кој што е и претседател на партијата, крај на мај и почеток на јуни очекуваме да кристализираме кандидати за другите општини“, рече Николоски.

Николоски изјави дека партијата се уште нема конечна одлука, но има голем број општини каде градоначалниците покажаа одлични перформанси. Тој нагласи дека се гледа голема разлика во развојот на овие општини во однос на претходно, додавајќи дека Владата им помага, но треба да има иницијатива од градоначалникот.

„Одлуки партијата се уште нема донесено, но можам да кажам дека во неколку големи општини каде што градоначалниците имаат одлични перформанси дека е јасно дека ќе им дадеме шанса да трчаат за втор мандат. Затоа што има сериозен развој во тие општини и многу голема разлика се гледа од претходно до сега“, заклучи Николоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ