Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ : АКО СРАБОТИМЕ ДОБРО СО ФРАНЦИЈА, ЕДЕН ДИПЛОМАТСКИ ТЕШКАШ ЗА ЕДНО ПОПЛАДНЕ ВО СОФИЈА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека доколку ЕУ сака Македонија да ги почне преговорите, тогаш ќе Македонија ќе ги почне.

„Стојам на тезата дека доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори, Македонија ќе почне преговори, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ. Па јас би рекол повеќе дека не само за најслабата туку за најсилните пет-шест ова беше едно добро образложение во периодите кога тие не сакаа да се зборува на тема проширување во нивната домашна јавност. Кога тоа би се променило, убеден сум дека еден дипломатски тешкаш од Западна Европа со едно претпладне или едно попладне во Софија, ќе го реши проблемот, рече вечерва Николоски на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

Според Николоски, ако успееме да сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи, за позицијата за уставни измени со одложено дејство, може лесно да бидат примени.

„За мене најзначајна средба која што премерот Мицковски ја имал откако е избран, е средбата со претседателот на Франција, Мануел Макрон. Од причина што Франција е сега играч број еден во ЕУ. Макрон е несоменено лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателски избори, влада со која што соработува. Германија допрва влегува во избори. Ќе има најверојанто промена. Дополнително, од премериот сум информиран дека поминала и во еден исклучителено добар тон. Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени“ оцени Николоски.

Тој ја поздрави денешната средба на претседателката Сиљановска Давкова и претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Рече дека таа треба да комуницира со сите политички структури во државата и да има средба со најголемата опозициска партија, тоа, како што рече, е во насока на градење на еден здрав дух и здрави односи помеѓу политичарите.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ