НИКОЛОВ : ВЛАДАТА НА СДС И ДУИ ГИ ИЗИГРА ВРАБОТЕНИТЕ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО ВО ЗДРАВСТВО И ГИ ОСТАВА НА УЛИЦА, ВМРО-ДПМНЕ НАСКОРО ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВАКВИ ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

0
176

Пресконференција на Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Владата на СДС и ДУИ на заминување, на улица остава околу илјада вработени во јавните здравствени установи.

Станува збор за лица специјализирани од сите области, односно за здравствени работници кои професионално и пожртвувано биле посветени и имаат дадено огромен придонес во јавното здравство и во третманот на пациентите.

Токму континуираната негрижа за кадарот и несоодветните услови за работа во комбинација со лажните и манипулативни ветувања придонесе во одредени здравствени институции да се затворат цели оддели да елементарни примери за негрижа за кадарот бидат затворање на пунктови на Итната медицинска помош, намалување на капацитетот на лабораториите, намалување на капацитет и кај вакциналните пунктови и низа други служби со што значително се  отежнува пристапот до здравствените услуги.

Истите овие лица се известени од менаџерите на јавните здравствените институции повеќе да не доаѓаат на работа.

Пораката од Владата на СДС и ДУИ испратена до директорите на здравствените установи гласи отприлика вака: „почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело, треба да ги известите вработените со договор на дело повеќе да не доаѓаат на работа”.

Така, како што веќе објавија и медиумите деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на повеќе клиники и болници останаа на улица, останаа без своите работни места.

Јавно прашуваме:

1. Кој конкретно со име и презиме е тој што со една порака ги остава на улица здравствените работници?

2. Зошто се чекаше последен момент предизборно да се најави решавање на статусот на вработените со договор на дело иако беше јасно и предупредивме дека овие ветување се нереални и манипулативно најавени?

3. Како се дозволи душегрижниците од власта за се друго да изнајдат средства, освен за тие кои спасуваат човечки животи за кои што се тактизираше до последен момент. Во пет минути до дванаесет и во последен момент со една вибер порака ги оставаат луѓето на улица?

Едно е јасно, оваа е пораката која им ја праќаат СДС и ДУИ на медицинските лица условно кажано како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем.

Уште кога ветуваа предупредувавме дека станува збор за манипулација на овие лица и дека е една од многуте предизборни лаги сега се потврди.

Многу скоро ќе ставиме крај на ваквите лоши практики и во соработка со здруженијата на здравствените работници, ќе преземеме конкретни мерки со кои на дело ќе покажеме што значи грижа за здравствените работници и за нивниот статус. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на задржување на здравствените работници во земјата, и ќе ја зајакне основата на здравствениот систем, а тоа е јавното здравство.