НИКОЛОВСКИ: СО ИЗЈАВАТА ДЕКА АКО ВМРО ДПМНЕ СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА ЌЕ СЕ ВЛОШЕЛЕ, ПЕТКОВ СЕ МЕША ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА НАШАТА ДРЖАВА

0
385

Николоски: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија

Оваа недела во Стразбур се одржува редовна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ќе се4 разговара на многу важни теми, вклучувајќи ја и агресијата која што во моментов се случува во Украина и потребата на обезбедување на мир во Европа.

Исто така ќе се разговара и на теми кои се важни за Македонија и за нашето соседство. Во бројните средби коишто ќе ги имам во овие три дена, ќе побарам Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори со ЕУ и да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.

Исто така во рамки на своите средби и обраќања ќе ја повикам Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, тука од Стразбур кои не ги спроведува. Бројни пресуди кои се во корист на Македонците од Бугарија не се спроведуваат од страна на Бугарија. Едни од најзначајните кои што судот ги донесе во 2020 година е пресудата за формирање на клуб за етничка толеранција, како и пресудата за формирање на клуб за жртвите кои беа тероризирани од комунистичкиот режим. Тоа се две значајни пресуди кои зборуваат за етничката толеранција во Бугарија, но исто така и за потребата од рехабилитација на жртвите на комунистичкиот терор во Бугарија. Нешто што Бугарија не сака да го спроведе, затоа што политиката која што ја води е слична на онаа политика која што ја води изминативе 20 години, а тоа е политика на негирање и политика која што значи непочитување на одлуките на Советот на Европа.

Затоа силно ќе побарам преку механизмите на Советот на Европа овие пресуди да се реализираат.

Исто така уште една работа за која што ќе зборуваме тоа е мешањето не премиерот Петков во внатрешните работи на Македонија. Имено, со неговата последна изјава во која што кажува каква Влада тој би сакал во Македонија и дали би дозволил или не би дозволил да се формира Влада во Македонија директно се меша во внатрешните работи на Македонија, што е недозволиво. Затоа што изборот на Влада во Македонија е прашање на Собранието и на пратениците кои што се избрани на избори, а не на Кирил Петков. Новата Влада ќе биде формирана после предвремените парламентарни избори и секое мешање од страна на Бугарија е недозволиво и претставува мешање директно во внатрешните работи на Македонија.