НИКОЛОВСКИ: СО ЗАКОНОТ ЗА ИМОТ СЕ ОТСТРАНУВААТ СИТЕ ПРЕЧКИ ЗА ПРОВЕРКА И ОДЗЕМАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТ ИМОТ, НЕМА БОГАТЕЊЕ ВРЗ ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ

0
279

Со Законот за потекло на имот, чија што нацрт-верзија се финализира предвиден​о​ е проверка на потеклото на имот да важи за сите граѓани вклучувајќи ги и сите бивши функционери, за што ќе има соодветен праг од 30 000 евра, порача заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во вечерашното гостување во емисијата “10​ ​минути” наТВ21.

Вицепремиерот Николовски, потенцираше дека над предвидениот праг, доколку во предходната година одредено лице има повеќе приходи што не се пријавени односно нема оправдување од каде потекнуваат, ќе се врши проверка на потеклото на имот, што ќе важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и сите фунцкионери.

“Ова ќе ги демотивира сите граѓани на ​чие​ име се впишува имот, пример директори да впишуваат на име на вработени или на име на комшии, додека се функционери да не го ставаат имотот на нивно име, да го префрлуваат на име на други и после завршување на функцијата го враќаат на свое. Актуелни и бивши функционери 30 години велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение”, рече вицепремиерот Николовски.

– Има луѓе и со пресуди и кривични постапки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвнителите посочија дека ​​бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата, рече Никол​​овски.

Вицепремиерот посочи дека на нацрт-дискусија биле присутни членови од советот на Европа, ДКСК, обвинителите и судиите, а нацрт-законот се очекува да биде готов до крајот на август, а потоа следува јавна дебата, но се очекува и политичките чинители да се приклучат и да дадат поддршка.

Нацрт з​а​конското решение​,​ како што посочи вицепремиерот Николовски, се изработува на база на јасна физибилити студија и ваков закон​​се спроведува во 10-тина земји.

“Не може да возите кола од 50 илј​ади​ евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни​,​ нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта”, рече вицепремиерот Николовски.​​

Во интервјуто вицепремиерот Николовски ги објасни и измените на Законот за јавни претпријатија со кои е предвидено намалување на бројот на членови на управните и надзорните одбори при што порача дека целта не треба да биде да се биде во УО и НО, туку да се биде во сервис на граѓаните.

Во политиката не треба да се влегува поради моќ и позиции, туку да им се служи на граѓаните – заклучи вицепремиерот Николовски.