Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

НИКОЛОВСКИ: РЕКОРДНИ ПРИХОДИ ВО ЦАРИНА, РАЗБИЕНИ ШЕМИ ПРЕКУ КОИ СЕ ИЗБЕГНУВАЛЕ НАПЛАЌАЊА НА ЦАРИНСКИ УСЛУГИ

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека неефикасноста била една од најголемите проблеми во раководењето на институцијата.

„Затекнавме неефикасност, затекнавме апатија, затекнавме институција која што функционирала по „дифолт’’, онака како водата да тече, а браната, течението на реката никој не ја контролира и водата прави повеќе штета отколку бенефит на граѓаните на Република Македонија. Што сакам да кажам. Буџетот не се полнел онолку колку што треба да се полни, одредени позиции претпоставуваме дека се злоупотребувале, односно користеле повеќе за лични или партиски интереси, отколку за интересите на државата “, истакна Николовски.

Николовски изнесе факти дека разликата помеѓу новото раководство на Царина и старото е огромна, и тоа не само во финансискиот дел.

„Само во месец јули, кога доаѓаме на 01.07 како ново раководство, наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16,6% повеќе од минатата година истиот период, што претставува историска наплата во приходи во еден месец од формирањето на царинската управа во Република Македонија’’, констатираше Николовски.

Директорот на Царина, додаде дека биле разбиени шеми, преку кои се избегнувале наплаќања на царинските услуги.

„35 половни моторни возила се одземени, пронајдени и одземени, вредност нивна 20 милиони денари, 9 милиони денари давачки во Република Македонија избегнати во Буџетот и уиграна шема, шпедиции, царински службеници, автоплацеви и увозниците, односно транспортери на возилата кои што од запад ги носеле тука“, заклучи Николовски.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ