НИКОЛОВСКИ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ, ТОШКОВСКИ НА ПРАВДА, МУЦУНСКИ НАДВОРЕШНИ, КОЧОВСКА НА ЧЕЛО НА ФИНАНСИИ СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНИ ИЗВОРИ НА ТЕЛМА?

0
453

ТВ Телма објави имиња за кои велат дека се скоро сигурно ќе бидат министри во новата влада која ке ја предводи новиот премиер Христијан Мицковски. Споре сознаанијата на тв Телма имињата на новите министри од редот на победничката коалициа предводена од ВМРО ДПМНЕ веќе биле фиксирани. Според тие сознанија на чело на МВР ќе бил Александар Николовски, техничкиот министер Панче Точковски од МВР се сели во министерството за правда, ресорот за надворешни работи ке го води досегашниот градоначалник наа Аеродром и потпредседател на ВМРО ДПМЕ Тимчо Муцукски,Минисерството за фиансии оди во рацете на партиската потпредседателка Гордана Димитриевска Кочовска, за социјалаи Информатичко општество, би останале сегашните технички заменици, Ѓоко Велковски и Стефан Андоновски.

На ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе им останат и Mинистерствата за економија и земјоделство.

За партнерите од „Вреди„ се резервирани Министерството за политички систем, на чие чело би застанал Изет Меџити, Министерството за здравство, каде би се вратил Фатмир Меџити, како и министерски позиции во култура и образование.

Го бараат и спикерското место во Парламентот, но за тоа уште се преговара. Се подготвуваат и две нови министерства – за енергетика, рударство и минерални суровини и за спорт. За eнергетика се спомнува Сања Божиновска, енергетски експерт, која живее и работи во Прага.

Во тајност се држат и имињата на тројцата пратеници, за кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ќе се приклучат кон коалицијата „Твоја Македонија“, со што е обезбедено мнозинство од 61 пратеник.