Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека по изборите едно е сигурно, дека нема да коалицираат со ДУИ.
Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Николовски изјави дека ВМРО ДПМНЕ ќе освои 61 мандати, притоа додавајќи дека нивната програма може да се усогласи со онаа на албанската опозиција.
Изет Меџити од Европски сојуз за промена прашан за оваа изјава на Николовски, рече дека тие немаат стратешки партнер кај Македонците и дека коалиција имаат само со албанскиот народ.
„Стратешки партнер на албанската опозиција ќе бидат гласачите Албанци и Албанците. Немаме стратешки партнер кај Македонците. Ние тврдиме дека ќе бидеме победници и ќе ги претставуваме Албанците во следната Влада“, вели Меџити.
Инаку и СДСМ, односно тогашниот претседател Зоран Заев во последната изборна кампања изјави дека нема да коалицира со ДУИ, но актуелната Влада е составена токму од овие две партии.
Извор : ТВ21