НИКОЛОВСКИ : ПОНИСКА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА 5% И ЕВТИНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА, СДСМ ГО ШТИТИ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ

0
240

Енергетските политики и мерки на СДСМ и институциите во енергетскиот сектор обезбедија пониски цени за граѓаните на електричната енергија, годината ја почнавме со намалување на сметките за струја за  5% во првиот блок, додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, рече членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски на МТВ.

-Сега на располагање е и дополнителен интервал на евтината дневна тарифа од која се очекува заштеда од 1000 денари. Граѓаните сега имаат вкупно 11 часа евтина електрична енергија, а пониски сметки ќе имаат и оние кои ќе влезат во третиот блок. Дури и оние кои ќе влезат во третиот блок ќе имаат пониски сметки. Затоа што таму цената е минимално корегирана и тоа за 2 отсто, што ќе се амортизра со значајното намалување во првиот блок, кумулатлавно“,  рече  членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски.

Тој потенцираше дека сега има вкупно 11 часа евтина електрична енергија во денот која е на располагање за граѓаните. Од  понеделник до сабота и плус 24 часа во ден недела што практично е над 50% од енергијата во текот на цела недела и таа е во евтин интервал.

Тој се осврна и на реализацијата на капиталниот проект Чебрен, како и на концептот за  зголемена енергетска независност,  а пониски цени за граѓаните.

СДСМ до сега покажа дека знае тоа го направи,  и за две години имаме реализиран инсталиран капацитет на приватната иницијатива од скоро колку три блока РЕК Битола, за разлика од порано. Во годините на енергетското Елдорадо,  имаме раст од 150% , само во 2023 во споредба со 2022 година или за две години околу 600mw инсталирана моќност.

„Тоа што одредени структури пропагираа и заговараа квази штетност од реализацијата на капиталниот проект Чебрен откако не се на функција или не се ангажирани во енергетските текови  лично, го дефинирам за предизборен политички пазар“, вели Николовски.

Денес имаме раст од вкупниот инсталиран капацитет за 25% за само две години, тоа е зголемување на енергетската независност која се покажа како клучна кога настана енергетската криза и кога дел од земјите дури имаа и рестрикции поради недостаток да обезбедат струја. Кај нас рестрикции немаше, сметките денес се и пониски, а има евтина тарифа, увозот е намален за една третина .
Енергетиката и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат во фокус на СДСМ и во 2024 година.