Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

НИКОЛОВСКИ : ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА ТУТУНОТ СЕ ПОНИСКИ ОД ЛАНСКИТЕ, СДСМ ПОДНЕСЕ ЗАКОН ЗА 100 ДЕНАРИ ЛИНЕАРНА СУБВЕНЦИЈА

Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските и токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање.

– Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм. Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави предлог законско решение со коешто бараме линеарно за секој откупен килограм тутун а производителите да добијат субвенција се со цел да ги минат предизвиците којшто ги имаа во текот на оваа година заради тоа што има и намалено производство но и нема зголемување на откупната цена како што беше ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од актуелната влада. Тоа значи дека тутунопроизводителите се изманипулирани дека не се цени нивниот труд и дека нема конкретни мерки за поддршка којшто воопшто не ги гледаме ниту во предлог буџетот за 2025 г. Денеска гледаме дека нема зголемена откупна цена дека имаме процена на тутунот по класи каде што ќе имаме и пониски откупни цени за одредени категории на тутун имаме и пониска, односно намалена субвенција, што значи намален доход и приход на земјоделците. Токму затоа сметаме дека она што минимум треба да го направиме е 100 денари линеарна субвенција за секој еден откупен тутун кон сите тутунопроизводители, рече Николовски.

Тој потсети на мерките на СДСМ кои придонесоа за рекордно највисоки откупни цени на тутунот минатата година но и на манипулациите на актуелната власт и министерот Трипуновски.

– СДСМ минатата година ја зголеми субвенцијата на 100 денари по килограм на откупен тутун. Минатат година актуелниот министер за земјоделство ветуваше дека и откупната цена на тутунот по килограм треба да биде 600 денари, 560 денари итн. притоа заборавајќи дека тутунопроизводителите многу добро се сеќаваат на времето во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога откупната цена беше и 120 и 130 денар.

Со заеднички разговори, со мудри политики и со многу работа успеавме да се зголемуваат субвенциите и тие да достигнат 100 денари по килограм за откупен тутун, но и да се зголемува откупната цена на тутунот. Така што минатата година просечната откупна цена беше 360 денари, а дополнителната субвенција беше 100 денари што значи околу 460 денари по килограм за секој откупен тутун и за секој тутунопроизводител.

Што е тоа што го имаме како ветување и слика оваа година којашто е особено тешка за тутунопроизводителите. Имаме намалување на субвенцијата од 100 на 80 денари, имаме договорена на некој начин цена од околу 370 денари меѓутоа за прва класа и процена на тутунот по класи, што значи ако земеме во просек дека најголем дел од производството е втора класа ќе биде значајно понизок откупот, односно над 300 денари ќе биде втора класа.

На втора класа се воведуваат субвенции од 70 денари што значи дека многу далеку се тутунопроизводителите од достигнување на приходот којшто го имале минатата година. Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ