Николовски: Од надлежните органи очекуваме во најкус рок да го испитаат случајот со Димова, доколку се утврди пропуст кај функционер ќе биде побарана и политичка одговорност

0
518

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека периодов една од темите кои ја засегаат јавноста, за жал, е доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира.

Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката.

Паралелно на тоа, доколку се утврди дека постои пропуст кај функционер, врз основа на новиот етички кодекс ќе биде побарана и политичка одговорност.

Ја охрабрувам јавноста да реагира, како што реагира и сега. Ова е Влада со јасна заложба за максимална транспарентност. Никаков сомнеж за злоупотреба не смее да се крие, а на државните органи е истите темелно да ги испитаат и да носат чесни одлуки согласно законите“, посочи Николовски.