НИКОЛОВСКИ : ОБИДОТ ЗА ПОТКУП Е ОД СТРАНА НА ФИРМА ПРИЈАВЕНА НА ТЕНДЕРОТ ЗА ПРУГАТА ЗА БУГАРИЈА

0
104

Поткупот кој бил понуден на премиерот Христијан Мицкоски за продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија бил од компанија која учествувала на тендерот. На тендерот за изградба на  третиот дел од железничкото поврзување на земјава со Бугарија се јавиле седум компании и сите биле од Турција.

Денеска ресорниот министер за транспорт и врски Александар Николовски не кажа дали и нему му било понудено мито, но потврди дека преку тајни канали пристигнала понуда за договор која компанија да го добие бизнисот. Николовски соопшти дека владата решила да ги повлече членовите на Комисиите за евалуација на понудите, се со цел да дадат до знаење дека нема да прифатат коруптивни зделки.

– Тие компании мислат дека преку свои посредници можат да направат обид за поткуп кај мене, кај премиерот, можеби кај членовите на евалуционата комисија  итн. Затоа ние сме сериозни затоа ја прекинуваме постапката со тоа што сега ги  повлекуваме членовите. А во иднина во соработка со Европската унија во соработка со Бугарија во соработка со банките, сакаме да изработиме прво сериозне проект кој ќе биде сериозен и изводлив, второ да добиеме јасни гаранции од Бугарија дека Бугарија исто така може да ги изгради проектот. – рече Николовски.