Николовски: Нудиме чесни одговорни и отчетни кадри, неселективно ќе се бориме против корупцијата

0
76

Корупцијата и криминалот не бираат по партија, националност или вера, затоа доаѓа време кога најрастеретено, најбескомрпомиско, најнеселективно треба еднаш засекогаш да ја почнеме таа битка, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

Верувам во капацитетот, верувам дека ќе понудиме чесни одговорни и отчетни кадри, дека многу работи ќе бидат променети, не само кај ДУИ, туку и кај СДСМ, сите треба да се менуваме да го менуваме начинот и менталитетот и како живееме и работиме, но сметам дека имаме стабилен партнер, нов чист четиригодишен мандат, во ко можеме да ги покажеме резултатите и да потврдиме, и тоа времето ќе го покаже, дека навистина ги почитуваме принципите на договорот и дека се држиме до темелите, до цели и вредности до она што сме се договориле да го градиме како стандард, нагласи Николовски.

Граѓаните си го кажаа својот збор на изборите, го покажаа патот, на кого ја даваат довебрата во рамки на политичките партии во парламентот и затоа коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, Коалицијата Можеме и ДУИ го дава мнозинството заедно со останатите и направивме коалициски договор кој нема ни еден националистички збор, порака, барање или било што.

Јас ги водев преговорите, проинципиелно разговаравме со Артан Груби повеќе од 35-36 дена за темелите на колаицискиот договор, дека борбата против корупцијата мора да биде неселективна, дека граѓаните ја очекуваат правдата, дека само тоа е темелот на кој можеме да постигнеме договор, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.