НИКОЛОВСКИ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ОД КАРПОШ : ВЛОЖУВАМЕ ВО КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ШТО ЗНАЧАТ РАЗВОЈ, ЈА ИМАМЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА СЕКОЈА ОПШТИНА

0
109

Генералниот секретар Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и пратеничката и претседателка на ОО СДСМ Карпош Марија Георгиевска, денеска учествуваа на маалска средба со граѓаните на скопската општина Карпош која се одржа како дел од теренските активности „Најдоброто за нашата општина“.

Пред граѓаните, генералниот секретар даде осврт на досега сработеното за Карпош, за Скопје, за државата, но и ги слушаше коментарите и забелешките на присутните.

„Како што спомена и градоначалникот, општина Карпош може да се пофали со бројни нови паркови со современи системи на наводнување, реконструкција на неколку градинки и основни училишта, како и реконструкција на булеварите во оваа општина, а во подготовка е постапката за да започне изградбата на нов спортско рекреативен центар во населбата Карпош 3″ истакна генералниот секретар Николовски.

Како важен проект за унапредување на сообраќајната мрежа за Карпош и Скопје Николовски ја издвои клучката ,,Момин поток” финансирана од централниот буџет во вредност од шест милиони евра, а се осврна и на денешното потпишување на договори за финансирање на проекти во 23 општини во вредност од 9,9 милиони евра пари од ТАВ каде што општина Карпош доби средства за партерно уредување-реконструкција на пешачка зона-платформа на станбено-деловен комплекс – Порта Влае.

Генералниот секретар Николовски посочи дека и на овие избори СДСМ како најсилна, најдемократска и најорганизирана политичка партија пред граѓаните ќе излезе со чесна понуда со програмска и кадровска понуда која ќе го даде најдоброто за секоја општина.

„Денес се инвестира во реални проекти коишто ги задоволуваат реалните потреби на граѓаните, токму затоа е битен гласот на граѓаните, да ги слушаме нивните потреби и заради таа причина продолжуваме да ги организираме ваквите маалски средби за да ги чуеме вашите потреби и идеи за да секој граѓанин од својата општина даде свои предлози и сето тоа да го преточиме во најдоброто за Карпош најдоброто за секоја општина“ заклучи Николовски на маалската средба во Карпош.