Николовски: Наместо да зборува за „ланскиот снег“, Цветков да ги решава проблемите

0
675

Нашето секојдневно откривање на сите злоупотреби ги прави нервозни министерот Цветков и Владата на РМ, одговори дополнителниот заменик министер за земјодлество Љупчо Николовски, на реакцијата на Министерството за земјодлество на неговата прес-конференција.

„Во немање на факти и аргументи, тие постојано зборуваат за минатото, со што очигледно ја забораваат реалноста и сеат магла во јавноста.

Затоа, уште еднаш да го потсетиме министерот Михаил Цветков: откуп на грозјето нема, пласман нема, субвенциите селективно се исплаќаат, а земјиштето што треба да го обработуваат вистинските земјоделци е во рацете на олигарси и луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да зборува за ланскиот снег и да патува во иднината закажувајќи состаноци со земјоделците во јануари 2017, министерот Цветков подобро му е да се занимава со актуелните проблеми на земјоделците.

Јас како дополнителен заменик министер и мојот тим ќе продолжиме да работиме во интерес на земјоделците и ќе ги спречиме манипулациите и злоупотребите што се прават врз нивниот грб.

По 11 декември, земјоделците ќе ја почуствуваат вистинската грижа за нив, од Владата предводена од СДСМ“, стои во реакцијата