Николовски: Мерката за дополнителни 3 денари субвенции за индустриско јаболко продолжува до 30 јуни

0
641

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен имаше работен состанок со производителите на јаболка. На средбата министерот Николовски, им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.

Износот на мерката е дополнителни 3 денари за индустриско јаболко предадено кај регистрирани откупувачи вклучително и за јаболко кое се извезува. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

МЗШВ оваа дополнителна мерка ја воведе минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени 45 илјади килограми јаболко,што е  2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година ќе дојдат кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.

МЗШВ претходно ги прифати и другите две барања на производителите на јаболка, односно основната субвенциија за одржување на овошни насади ќе биде исплатена до 25 март, а дополнителната поддршка од 3 денари ќе биде исплатена до 30 јуни.

МЗШВ континуирано работи на поддршка на  производството на јаболка. Уште во првите 2 месеци од почетокот на мандатот на министерот Љупчо Николовски, директните плаќања се зголемија за 10 отсто за земјоделците со развоен потенцијал или од 33.000 денари на 36.300 денари по хектар. Во првата годишна програма за 2018 година, субвенциите по хектар за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари се зголемија за 20 отсто односно од 33.000 на 39.600 денари по хектар. Истата година за дополнителни субвенции за килограм предадено јаболко во преработувачки капацитети беше зголемена од 2 на 3 денари по килограм.

За првпат се воведе и нова мерка за промена на сортната структура во овоштарството за дополнителни 10.000 денари, како и нова подмерка за зголемени субвенции за 30% за промена на тип на производство од нискодоходовна во повисоко доходовна култура, од поледелски во овоштарски култури.

53226282_2361112750776917_2815550275996090368_n

Минатата година со цел да им се помогне на овоштарите кои претрпеа загуби поради временските непогоди се воведе интервентната дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка.

Во новата Програма за директни плаќања 2019, согласно препораките на Европската унија дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка е трансформирана во субвебнцијата по површина. И оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа овоштарите имаат дополнителни и 15% за подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.

53781861_2361112784110247_2821263626176823296_n

Дополнително преку Програмата за рурален развој за 2019 и преку мерките од ИПАРД програмата, се отвораат можности за инвестиции во преработувачки капацитетите, што е важно за обезбедување на сигурен пласман и решавање на вишоците на земјоделски производи. МЗШВ интензивно работи на барање на нови пазари за македонските земјоделски производи вклучително и за јаболката, и за таа цел   во новата Програма за рурален развој, субвенцијата за поддршка за учество на домашни и странски саеми е зголемена од  400.000 евра на 1 милион евра.