НИКОЛОВСКИ : КОЊАНОВСКИ ЈА УНИШТИ БИТОЛА, ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ЕДНАШ ДОЈДЕ ВО СМОЛЕВО И УШТЕ ЕДНАШ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПОЈАВИ

0
330

Пресконференција на Петар Николовски, советник од редовите на СДСМ во Општина Битола.

Тони Коњановски на 19 октомври 2021 година беше тука, во Смолево и вети ревитализација и доизградба на Рекреативен центар!


Тогаш Коњановски вети трим-патеки од бекатон плочки, со осветлување, клупи за одмор по цела површина на „Тумбе кафе“, обновување на скалилата по кои се искачуваат граѓаните, обновување на рекреативниот спортски кафе – бар како монтажен објект од еколошки материјали, па дури и обновување на повеќегодишните растенија!

Дојде Коњановски во Смолево пред две години и не се појави уште еднаш од тогаш!

Коњановски излажа се што вети во изборната програма!
Коњановски и ДПМНЕ за две години потрошија над 60 милиони евра, а заклучокот е поразителен – нема проекти, нема резултати.

Овај плакат го оставаме тука, да сведочи на лагите на Коњановски и на изневерените очекувања на граѓаните!

Битола наместо да се развива со Коњановски и ДПМНЕ назадува.
ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори.
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Битола!