Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

НИКОЛОВСКИ : БУЏЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СЕ НАМАЛУВА ЗА 15,7%, ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 10 ПАТИ

Производството на храна и секторот земјоделство, се сектори кои се битни за сите граѓани и во кои не смее да има поделби, за кои мораме да се усогласиме дека навистина ги таргетираат сите граѓани и за кои треба да анализираме, да дискутираме сериозно, а не да зборуваме за се и сешто, а најмалку за тоа што се факти и аргументи, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, во рамките расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Николовски нагласи дека треба да се продолжи со добрите политики, со реализација на започнатите проекти, но и да се обезбеди што поголема поддршка на производителите.

Во предложениот буџет, за жал, буџетот за земјоделство, шумарство, лов и риболов за разлика од 2023 и 2024 се намалува. Споредбено со последниот ребаланс, овој буџет се намалува за 15,7%, нагласи Николовски, додавајќи дека намалувањето се должи, пред се на драстично намалување на инвестициските програми, програмата за рурален развој, а има исто ниво на пари за директни плаќања, што значи дека нема за поголеми субвенции, што тутунарите многу добро го видоа, дека не само што нема зголемување, туку има намалување.

Николовски нагласи дека има огромно кратење кај инвестициските програми за малите производители, како најуспешна, сосема нова политика, во чии рамки денес има регистрирани 4.000 производители на храна, а пред 3 година беа 0.

Оваа програма за рурален развој се намалува за 10 пати. Во 2023 за оваа програма се обезбедни 850 милиони денари, а за 2025 година 150 милиони денари, што е намалување над 80%, иако претставува вистинска поддршка на малите производители, потенцираше Николовски, додавајќи дека намалувањето на капиталните расходи е спротивно на политиките на ЕУ, каде што трендовите говорат дека програмата за рурален развој, е најголема и опфаќа над 40% од буџетот.

Николовски нагласи дека нема нова мерка и политика што земјоделците можат да ја очекуваат наредниот период, сите програми се воведени од претходната влада.

За пет месеци нема јавен повик од програмата за рурален развој, преку платежната агенција, а има пренесени обврски од претходната година кои земјоделците ги инвестирале и ќе бараат поврат, а во 2025 со овие средства не се покрива ниту една мерка, да бидат исплатени земјоделците за претходната година, нагласи Николовски.

Тој истакна дека руралната програма е многу битна за младите земјоделци, за набавка на добиток, нова механизација, но и за инвестиции во проекти на општините.

Многу галама се крева во јавноста, околу тие проекти за општините, колку биле 250,100 милиони евра, а гледаме дека ни 60 милиони не се склучени, а камо ли да бидат реализирани, а тоа со заеми, камати, кои и не знаеме ни колку ќе бидат, а со оваа програма за рурален развој во последните 4 година, без денар заем, имаме реализирано 204 проекти, водоводи, канализации, културни домови, плоштади, театри, се она што ќе финансира од заемот од Унгарија, сега со заем, истакна Николовски

Тој прецизираше дека со оваа програма, секоја општина рамномерно има добиено 3 или 4 проекти, во вкупен износ од 49 милиони евра, коишто веќе се исплатени.

Само преку оваа програма што денеска се крати од 850 на 150 милиони годишно, претходната влада реализира 204 проекти во последните 4 години и тоа и преку една програма за рурален развој, за којшто ако бевме паметни, ЕУ ни нуди до 2030 година една милијарда 147 милиони евра токму за оваа програмата, грант, фондови, неповратни средства и наместо тоа ние одбираме да се задолжуваме, да ги задолжуваме следните генерации, нагласи Николовски.

Во однос на системите за наводнување, за кои владата најавуваше дека ќе и бидат приоритет, Николовски рече дека и тука средствата се намалуваат.

Денеска наместо да ги интензивираме работите, ги намалуваме средства од 113 на 80 милиони во 2025, и за Злетовица, форсирана од сегашната власт има драстично намалување на буџетот, рече Николовски, додавајќи дека од друга страна буџетот на министерството за земјоделство има 30% зголемен буџет за плати, 20% за привремени вработени.

Николовски нагласи дека несериозно е што се намалува и ИПАРД поддршката.

Имавме еден период во Ипард 1 програмата до 2017, кога не искористивме 50 милиони евра, ги вративме и плативме казни и ја научивме лекцијата од 2017 до лани владата се фокусираше на европските пари и станавме лидери во искористеноста и наместо да има зголемување, повторно има намалување, посочи Николовски, додавајќи дека ИПАРД 3 е нешто што треба да го промени земјоделството, тоа се 250 милиони евра за инвестиции, за развојни политики и мерки.

Тој ги повика пратениците од мнозинството да ги поддржат амандманите на СДСМ, со кои се исправаат политиките кои повторно ќе бидат и во интерес на владата, на граѓаните и на државата.

Земјоделците ги интересира зошто е скратена програмата за рурален развој за 10 пати, зошто е скратена ИПАРД програмата, земјоделците ги интересира дали ќе добијат авансна исплата до крајот на годината, ги интересира зошто нема ни една нова мерка и политика, зошто се копираат сите мерки, коишто беа спроведени во претходниот период, а да не правиме споредба што е направено во првите 100 дена во 2017 и што е направено сега, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ